ВИДЕО: Митревски блескаше на голот, Лазаров во последна секудна и донесе победа на Македонија

0
518

Македонската ракометна репрезентација со победа го почна Евопското првенство откако потешко од очекуваното ја победнивме Украина со 26:25.

Македонија одлично го отвори мечот, а во првото полувреме блескаше на голот на Никола Митревски со 10 одбрани. Нападот функционираше одлично, но во елемент беше и гостинскиот голман Комок.

Во 12-та минута Македонија дојде до три гола разлика 6:3, но Украинците потоа се доближаа до еден гол, а потоа Брестовац го стави Танкоски на местото на Кузмановски. Бекот на Металург со една асистенција и еден гол веднаш ја врати разликата на „плус три“. Во самиот финиш на првиот дел имавме можност да заминеме на пет гола предност, но не погодивме, па на одмор се замина со резултат 13:10.

Во вториот дел Македонија искусно ја одржуваше разликата, се до 42-та минута кога имаше период на мал пад на играта, па Украина дојде до еден гол разлика 21:20, а потоа во 50-та минута и до израмнување 22:22.

Во последните десет минути влеговме во неизвесна завршница, Манасков во клучните моменти постигна два гола, а Стоилов борбено изнуди седмерец и постигна гол, па во последните пет минути влеговме со два гола предност.

Потоа следуваа три извонредни одбрани на феноменалниот Митревски, но не реализиравме во нападот, па Гурковски израмни на 25:25 на неполна минута до крајот. Големата победа на Македонија ја донесе капитенот Кире Лазаров со гол во последната секудна.

Лазаров беше најефикасен во нашиот тим со 8 постиигнати гола, а на голот блескаше Митревски со 15 одбрани.

Извор: Спортски.мк

Коментирај