Нов бран на партиски вработувања во администрацијата?

0
538

Не запирааат масовните вработувања во администрацијата. Речиси да нема ден, а да не е распишан оглас за вработување во јавната администрација, па така во моментов се отворени нови 175 работни места кои власта ќе ги пополни со нови кадри.

Овие огласи за вработувања доаѓаат само 10 дена после изјавата на министерот Манчевски дека ќе има чистка во администрацијата. Министерство за економија, Агенција за лекови и медицински средства, АРМ и Министерство за правда се само дел од новиот бран на огласи за вработување.

Иако СДСМ и Зоран Заев додека беа опозиција постојано зборуваа дека јавната администрација е преполна, гломазна и нефункционална и истата треба да се намалува, сепак во изминатава година и пол никако да запрат со полнењето  на јавниот сектор.

Наместо непартиска и професионална администрација истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските кадри на СДСМ.

СДСМ останува глува на препораките на ЕУ дека администрацијата е преполна, а не се држи ни до нивниот т.н. план за реформи според наводно кој истата требаше да биде професионална и непартиска и во функција на граѓаните на Република Македонија

Коментирај