Неверојатна коинциденција: Првото бебе од 1980 година го роди првото бебе за 2017 година

0
851

Три минути по полноќ на новогодишната ноќ се роди првото бебе за 2017 година во Исланд. Иако тамошните власти не доделуваат ништо за првородените деца, овој случај сам по себе беше доволно интересен да го собере медиумското внимание ширум Европа.

Имено, не само што момчето го дели роденденот со својата мајка Катрин Гудјонсдотир, туку и титулата на првородено бебе во годината.

Катрин била првото бебе родено во Исланд во 1980 година, па дури и се родила во истата болница.

Коментирај