Не се откажува од фотелјата: Еве колку пати Заев ветил, а на крај не дал оставка

0
305

Во третата година на своето владеење, Зоран Заев сè уште смета дека е смешно и апсурдно дури и да му се спомне можноста дали некогаш – онака, во некој час на лудост, додека си ги врзува чевлите или се бриче – помислува да си даде оставка. И тоа е проблем.

Наш. Не негов.“, Арсим Зеколи, 30 мај 2019 година.

Да одлучуваше народот, а не политиката, Никола Груевски ќе беше премиер после изборите во 2016 година, порача неодамна Бујар Османи, потсетувајќи дека ДУИ беше таа што го направи Зоран Заев премиер. Неговиот сопартиец Артан Груби ја потврди оваа теза и ја зачини со тоа дека ДУИ како партија воопшто не се каат што постапиле спротивно на волјата на граѓаните, затоа што со Заев постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Овие две изјави носат неколку битни пораки, но зaсега да се задржиме на онаа која вели дека сите се свесни дека Заев загуби, освен самиот Заев.

Уште вечерта на тие загубени избори, тој се качи на бината пред Влада и во делириум викаше дека срушиле режим со пенкало, реченица која ПР-службата му ја подготвила без да очекува дека тој ќе доживее толкав дебакл.

Наместо уште тогаш кога по години малтретирање на македонската јавност со стотици „бомби“, со платени протести, со поддршка од странски служби и организации, па дури и граѓани кои веруваа во неговите ветувања, тој ги загуби тие избори, да си даде оставка, тој покажа дека ја нема таа жичка на доблест во себе.

Во годините што следеа само продолжи да го докажува ова.

Заев неколкупати ветил оставка. Првпат беше таа 2016 година по загубените избори.

Уверен сум дека ќе победиме. Народот сака промени, режимот е прочитан. Но сепак, ако победи мафијата, јас ќе поднесам оставки на сите политички функции и во СДСМ и во општина Струмица и ќе се вратам на бизнисот, изјави Заев за „Телма“ неколку дена пред изборите во декември 2016 година.

Потоа, оставка вети и пред Референдумот, кога за да избегне одговорност го распиша ветениот задолжителен како консултативен референдум, па да може да каже дека неговите резултати не се сметаат за обврзувачки.

Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО, зборуваше Заев во тогашна 1ТВ, јуни 2018.

По дебаклот што тој и неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров го доживеаја на тој референдум, наместо да свиткаат опашка и засекогаш да се повлечат од било какви функции, следуваше ново „пу-пу не важи“.

Рековме ако има еден глас против повеќе на референдумот, ќе понесам одговорност. Но, на референдумот повеќе од 600 илјади граќани гласаа за. Не само што нема да поднесам оставка, туку и имам обврска, Македонија да ја однесам во ЕУ и НАТО, рече на прес-конференцијата по референдумот Заев.

 

Ново ветување за оставка граѓаните добија и пред европскиот самит.

Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, рече Заев во интервјуто за „Ле Соар“ во јуни 2019.

Отако доби „НЕ“, и покрај тоа што бил „многу вознемирен“ и навистина „размислувал за тоа“, Заев сепак не се откажа од фотељата ни по овој дебакл.

Јас сум Зоран Заев, може да бидам градоначалник, премиер, но прво сум човек и одлуката во Брисел кај мене предизвика горчина. Комуницирјќи со сите, сите опции беа во игра. Но реков немам право да се откажам да се борам, народот ќе одлучи дали ќе ми го довери мандатот за да продолжиме по тој пат. Сè друго е ќорсокак. Оставив вчера денот да преспие, рече Заев во октомври 2019.

Оставка Заев не се осуди да вети пред овие избори. Пред прогласувањето на пандемија поради коронавирус во светот, по што и во Македонија беше прогласена вонредна состојба, а изборите беа одложени, Заев во март во неколку наврати избегна конкретен одговор на новинарско прашање дали би поднел оставка на партиската функција во случај да ги изгуби изборите. Неговиот одговор беше дека нема шанси коалицијата на СДСМ да доживее пораз на претстојните избори.

Не ни помислувам да ги изгубам изборите. Нема потреба од оставка. Сепак, народот ќе си го каже своето. Граѓаните ја носат конечната одлука. Но, водиме на сите анкети, трендот е позитивен, граѓаните ги препознаваат промените што ги направивме, така што не постои одговор на вашето прашање, одговараше Заев.

Од Заев неколкупати се бараше оставка. На судењето за „Рекет“ беше откриено колку тој длабоко е вмешан во аферата и судството, се појавија ред други вакви афери, го зезаа пранкери, го влечат за нос сите соседи. Старото членство на СДСМ отворено се дистанцира од него, доби оставки од голем број од блиски владини соработници, незадоволството меѓу членовите расте…

Заев е на чело на СДСМ од 2013 година, а не само на граѓаните, туку и на членстовто му најавуваше оставка ако ги изгуби изборите.

Но, и повторно да ја вети, историјата покажува дека „мало сутра“ ќе ја биде.

Ако не успее референдумот, Заев ќе си даде оставка

Коментирај