Момчето ја остави пред да го каже судбоносното „ДА“: Нејзиниот живот стана неверојатна приказна

0
664

Облечена во венчален фустан, Американката Кејти Колинс стоеше пред олтарот и го чекаше својот младоженец, но тој никогаш не се појави. Нејзината долгогодишна љубов ја остави на денот на вечавката, вели приказната која ја пренесе „Дејли Мејл“.

Скршена од срам и од болка, Кејти купила авионски билет во еден правец за Југоисточна Азија. Не знаела што ја чека кога тргнала во обиколка на Тајланд, Индија и Непал и оти на патувањето ќе го оствари својот детски сон, да стане писател.

-Сите мислеа дека сум полудела. Не можеа да разберат како сега јас самата ќе патувам по светот, а јас всушност си се пронајдов себе си, изјави Кејт за „Дејли Мејл“.

Приказни од своите патешествија, таа редовно објавувала на нејзиниот блог наречен: „Не сум мажена, не сум ни мртва“. Овој блог, набрзо стана голем интернет хит.

-Луѓе кои го читаат мојот блог постојано ми праќаа мејлови со поддршка. Добивав и пораки од жени, но и мажи кои исто така биле оставени пред олтар, а јас сум им станала инспирација. Ако си оставен, тоа не мора да значи дека треба да се сожалуваш и да јадеш големи колични на сладолед, додаде Кејт.

Таа почнала со неколку поглавја, без да планира дека тоа е почеток на нов роман.

-Целта ми беше да ги пренесам впечатоците за тоа како го доживеав Таџ Махал, како пешачев на подноќјето на Хималите, и едноставно сите овие приказни ги претворив во книга. Голема промена се случи кај мене од пред 5-6 месеци кога размислував за бракот. Ова е мојата втора шанса која решив да ја искористам, раскажала писателката.

Денеска е среќно мажена и го очекува второто дете

Од тогаш, таа со ранецот на грб патува по светот. Беше на патување по Јужна Азија шест месеци, а потоа живееше во Франција предавајќи англиски јазик. Живееше во мало француско рибарско село кога доби понуда за издавање на книгата.

-Иронијата е во тоа што понудата за издавање на книгата ја добив на истиот ден кога дечкото ме остави пред олтар, само три години подоцна. Тој повик беше награда што бев храбра и горда и почнав да живеам живот каков што од секогаш сум сакала, вели таа.

Нејзиниот прв роман публиката го нарече „Бриџит Џонс на пат“.

Денес, таа е среќно мажена, мајка е на една ќерка и бремена е со второ дете.

Извор: kurir.mk

Коментирај