Зошто жените сакаат да спијат со женети мажи?

0
1506

За што и е на една жена да се втурне по маж кој е оженет и има неколку
деца? Едноставно е – туѓиот двор секогаш изгледа подобро од нашиот!
А можеби овие жени ги „пали“ опасноста, драмата и преку вакви  слични односи сакаат да си создаваат дополнителни предизвици во својот живот.

За некои дами врската со туѓ маж е многу возбудлива. За нив брзиот секс во неговата канцеларија за време на паузата за ручек  е многу поквалитетн од секој друг секс, кој го правеле. Фактот дека треба да дејствуваат исклучиво брзо ја прави оваа „врска“ уште послатка. Но по некое време доаѓаат емоциите и станува јасно дека треба да се стави крај на оваа авантура.

Други, пак, ова го прават за да се натпреваруваат со неговата жена . Тој со огромен жар раскажува за своите сексуални подвизи со неговата партнерка пред бракот така што љубовницата сака да се докаже на овој маж, дека е многу пати подобра од неа.
И така почнуваат да го прават тоа насекаде, во секое време, додека во еден момент пријателите на жена му ги гледаат и ги издаваат.

Има жени кои сметаат дека женетите мажи имаат повеќе и подобро сексуално искуство
и се добро запознаени со женското тело и женските желби.

А некои дами пак се свесни дека штом оженет маж се вплеткува со друга, очигледно
сексуалниот живот му е премногу досаден и има потреба од нешто ново и интересно, а тоа значи дека тој ќе биде многу поенергичен и пострастен со љубовница, а таа токму на тоа и се надева.

Коментирај