Зошто треба да размислите двапати пред да објавите нешто на социјалните медиуми?

0
382

Фејсбук, Твитер и Инстаграм се трите најголеми социјални платформи кои ги користат милиони луѓе секој ден. Ние ја имаме таа чудна потреба да ја поделиме секоја минута од нашите животи со целиот свет.

Но, некои минути вклучуваат негативни објави за нашиот љубовник, најдобар другар, соработник, менаџер или семејство и не треба токму нив да ги објавувате. Светот не може да ви ги реши личните фрустрации, а тие „ко за беља“ остануваат на вашиот ѕид и потоа вие сте дел од нечиј нареден пост.

Дали е тоа најдобриот начин да ги насочите вашата лутина, стрес, мизерија или меланхолија? Освен ако не е приватно, секој може да ја види вашата информација без дури и да има отворено профил на таа социјална платформа. Таа исто така не се брише, па кој било, и после неколку години, може да ја најде и да ја прочита.

Негативниот пост исто така, тоа може да го види и пронајде и личноста која ја споменувате во него. Тој/таа можеби нема да го цени тоа што приватната информација му е достапна на секој што се „шета“ низ Интернет.

Социјалните медиуми не даваат многу ограничувања освен оние основните, експлицитни содржини, креирање на лажни профили и сл. Затоа, многу валкани коментари можат се уште да се најдат во постовите на корисниците на социјалните мрежи.

Одлуката да пуштите чувствителна информација во социјалните медиуми се должи на емоции. Сè е околу тоа да се повреди личноста и да се елиминира едновремено личната болка што ја чувствувате. Но, постот е жив, и секој може да го прочита и да ви даде инстантен фидбек. На кратки патеки можете некому да го загорчите животот, но, на долги ја покажувате вашата слабост.

Затоа, пред да објавите нешто за некого, или да соопштите како се чувствувате, размислете два пати.

 www.hybread.mk

Коментирај