Зошто секој мора барем еднаш во животот да престојува во Лисабон

0
369

Португалија е една од најдружељубивите земји во Европа, која со сите сили се труди да ја зачува самобитноста во епоха на глобализација, со што и ги привлекува всушност туристите.

Нејзината престолнина Лисабон е еден од најстарите градови во светот и главно пристаниште на Португалија. Разместен близу Атлантскиот океан, градот го заплиснуваат водите на реката Тежу. Нејзините два брега, каде на едниот се наоѓа главниот град, а на другиот градовите Монтижу и Алмада, ги соединуваат два моста: Васко да Гама (најдолгиот во Европа) и мостот 25 Април. Последниов, поради сличноста со конструкцијата и бојата, не ретко го споредуваат со мостот Златна врата во Сан Франциско, САД.

Прво што ви паѓа во очи кога влегувате во градот е раскошот од портокалови покриви. Можете да се насладувате на убавината од панорамата ако се качите на лифтот Санта-Жушта, во 2002 година прогласен за споменик од национално значење.

Старите улички и куќи се украсени како со глазура, односно со плочките азулежу, кои се визит-карта на земјата.

Историскиот центар на Лисабон буквално е наполнет со патријахалната атмосфера на стара Европа. Тротарите на многу булевари, меѓу кои и главната улица Авенида да Либердаде, се обрабени со сложени шари.

Градот не е многу голем, оние што се навикнале на пешачење, можат да го прошетаат за неколку дена.

Уште една особеност што го разликува градот се старинските жолти (а понекогаш и црвени) трамвајчиња, кои елегантно итаат низ градот и им овозможуваат на љубопитните туристи непречено уживање.

Од отворените прозорци на трамвајот можете да ги видите Катедралниот собор, Триумфалната капија, португалскиот Парламент, плоштадот Шиаду и многу друго.

Трамвајот може да ве донесе и до најважната реликвија на Португалија – манастирот Жеронимуш, прогласен за светско наследство под заштита на УНЕСКО, каде е закопан и славниот морепловец Васко де Гама.

Лисабон е местото од каде сите туристи одат на прошетка низ Португалија, но, секако прво до популарните летни одморалишта и плажи во Кашкајш и Ешторила на брегот на Атлантикот. Во Ешторила се наоѓа најголемото казино во Европа, по чија посета Јан Флеминг ја напиша познатата книга „Казино Ројал“ за агентот 007, Џејмс Бонд.

Не смее да се посети Португалија а да не се отиде на дегустација во Институтот на познатото порто вино (Instituto Dos Vinhos Do Douro E Do Porto), во дворецот Људовизи, во областа Бајру Алту.

За оние не можат да си го замислат животот без благо, Португалците го смислија оригиналниот десерт «Паштел-де-ната». Во 2011 година, оваа корпичка од расслоено тесто со млечно-јајцев крем беше прогласена за една од седумте гастрономски чуда на Португалија. Да пробате паштејш можете во секое кафуле, иако се смета дека оригиналниот рецепт е тајна која ја знаат само во слаткарницата Pasteis de Belem.

Покрај тоа, во Лисабон задолжително мора да се проба енергичниот вишнов ликер жинжа.

Зајдисонцето можете да го дочекате во познатиот ресторан Povo, каде ќе уживате во звукот на португалската романса фаду.

Лисабон зазема една од лидерските позиции во рејтингот на светските престолнина за туристи со ограничен буџет. Цените во музеите се движат на пример од 5-10 евра, трамвај е 1,4 евра, кафе 1 евро, а на пример за една ноќ во Best Medium Hostel ќе платите само околу 12-14 евра.

Не недостасуваат ниту предлози од познатиот веб-сервис за изнајмување на станови и апартмани Airbnb. Можете да најдете соба и за 15 евра, а една ноќ во хотел со три ѕвезди може да ве чини околу 50 евра за двајца.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај