Зошто се бакнуваме со затворени очи?

0
595

Бакнувањето со затворени очи е нешто кое сите го правиме, а оние ретки се оние поединци кои се бакнуваат со отворени очи, па за нив се смета дека не уживаат доволно во бакнежот.

Но науката нуди потврдена информација зошто е тоа така. Претходно се мислело дека причината за затворање на очите е заради близината на погледот со партнерот и е потешко со отворени очи, но истражувањата на еден психолог од лондонскиот универзитет Ројал Халовеј, покажале дека всушност се работи за неможност на мозокот да прави неколку работи одеднаш.

Имено, додека се бакнуваме мозокот не може во исто време да ги процесира визуелните податоци и чувството на бакнежот – па затоа инстинктивно затворааме очи за да можеме да се фокусираме на чувството при бакнежот.

Тоа е најновото објаснување што се однесува до една од најпосакуваните љубовни активности.

www.hybread.mk

Коментирај