Зошто мажите кои немаат црвена коса имаат црвена брада?

0
77

Секако сте виделе ваков маж – сте го сретнале на улица, во некој филм, можеби дури и вие сте еден од нив… Да, зборуваме за мажите со темна коса и црвена брада.

Сте се запрашале ли зошто е тоа така?

Веќе не мора да се прашувате, бидејќи науката е тука да ни помогне. И вели дека сè е во гените. Гените што ја одредуваат бојата на косата се недоволно развиени, односно, не постои ниту еден единствен ген што е доминантен над другите, иако сите гени влијаат едни на други.

Интересно е што гените се наследни од родителите, од бабите и дедовците, од нивните баби и дедовци. А комбинацијата на тие гени се одразува различно врз различни луѓе и тоа може да доведе до различна боја на влакната на различни делови од телото. Од таму потекнува и различната боја на косата и на брадата.

Зошто црвена боја?

Постои ген наречен MC1R кој кога мутира, ги предизвикува црните влакна. А ако се пренесе од двајцата родители на машкото дете, тогаш тоа дете ќе има темна коса и црвена брада.

Значи, нема некоја голема филозофија, само чиста наука.

Сепак, она што не е познато е зошто токму брадата ја менува бојата, а не косата. Ама научниците велат дека работат и на тоа. Дотогаш ќе мора да се задоволиме само со објаснувањето дека некои мажи имаат различна боја на косата и на брадата, ама дека тоа и не е толку лошо на изглед, нели?

 www.hybread.mk

Коментирај