Зошто маргаринот е многу штетен по здравјето?

0
370

Конзумирањето маргарин ја зголемува опасноста од развој на срцеви болести, дијабетис тип 2 и предвремена смрт.

Маргаринот е високо загреано и хидрогенизирано билно масло, третирано со хемикалии, конзерванси и вештачки ароми. Дебелее, го зголемува ЛДЛ холестеролот што има за последица стеснување на крвните садови и појава на артериосклероза со што се зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Содржи транс-масни киселини што навлегуваат во масното ткиво на телото и во клеточните мембрани и го пореметуваат метаболизмот.

Остатоци од следниве опасни хемикалии се користат за прозводство на маргарин: екстракциски бензин хексан кој ги оштетува нервите, ацетон-запаллив материјал кој ги оштетува нервите, фосфорна киселина која е опасна, сода бикарбона, металот никел како канатлизатор на хидрогенизацијата, етанол, средства за избелување, полиароматични јаглероводороди.

Дел од овие хемикалии се користат во производството, а дел од нив се создаваат во текот на производството како резултат на хемиски реакции. Еден дел од хемикалиите дури доаѓаат од бродовите на кои се разнесуваат суровини.

Се повеќе од направените здравствени студии ја покажуваат врската меѓу конзумирање на маргарин и појавата на алергии, асма, затнување на нос и улцеративен колитис кај децата.

Коментирај