Зошто косата опаѓа за време на бременоста?

0
192

Во периодот на бременост, кај дел од жените косата расте многу побрзо од претходно и почнува да се менува текстурата, но речиси 50% од жените се соочуваат со проблем на опаѓање на косата.

Како што пишува American Pregnancy, циклусот на растење на косата се одвива во фази, активна и пасивна. 90% од косатае во постојан раст, а 10% е во фаза на мирување. Откако ќе помине оваа фаза, косата опаѓа и се заменува со нова.

Секој ден губиме по 100 влакна, тоа е просекот. За време на бременоста се зголемува нивото на хормон естроген кое влијае на забрзување на растот и го намалува опаѓањето заради што косата станува погуста и посјајна.

Во овој период, не е необично косата да го промени изгледот, од права да стане кадрава и обратно.

Освен позитивните страни, има за жал и негативни страни како интензивно опаѓање на косата во бременоста, но и потоа, во периодот на доење.

Речиси 40-50% од жените се соочуваат со хормонален дисбаланс заради што почнува да опаѓа косата. Промената најчесто се чувствува во првите месеци од бременоста, и три месеци после породување.

Што се однесува до негата на косата за време на бременоста, најдобар избор се шампоните со силикон кои ги обложуваат и заштитуваат влакната и спречуваат сушење. Но и со нив не треба да се претрува бидејќи прекумерната употреба може да предизвика мастење, што секако не оди во прилог.

Косата треба да се чешла од врвот кон коренот, за да се спречи кршењето на врвовите. Затоа треба да се избегнуваат фризури како пунџи и плетенки, затегнат кок кои повеќе и штетат на косата.

Освен негата, важна е исхраната. Најдобриот избор се намирници богати со антиоксиданси и флавоноиди кои ги штитат фоликулите и постигнуваат ефект на брз раст. Храна која се препорачува да биде дел од секојдневното ниво е грашок, морков и орев.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај