Зошто Килијан Мбапе е суспендиран од ПСЖ?

0
350

Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во француската Лига 1 против Нант кој се игра денеска, објави „Ле Паризиен”.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, го казнува Мбапе поради критиките упатени кон неговите тимски колеги по неделниот поразот од Лил од 5:1.

Mbappe

Тогаш напаѓачот на ПСЖ, изјави дека тимот играл како аматери и немал доволно карактер.

Се забележува дека фудбалерот не е повреден и дека одлуката е чисто дисциплинска.

Натпреварот Нант – ПСЖ се игра вечер од 19 часот, а евентуална победа за ПСЖ ќе значи заверување на шампионската титула.

За ПСЖ тоа ќе биде 6-та титула во последните 7 години.

Коментирај