Зошто Кејт и Вилијам не се држат за рака

0
445

Еден од најпознатите парови во светот – Кејт и Вилијам, не се држат за раце, а тоа предизвикува многу прашања кај нивните фанови.
Според експертите, тоа нивно однесување не е поврзано со проблеми во нивните односи- јасно е дека тие многу се сакаат. Робин Кермод, специјалист за јазик на телото тврди дека двајцата едноставно ја почитуваат етикетата, а исто така земаат пример од кралицата Елизабета.
„Кралицата и нејзиниот маж многу ретко се држат за рака на јавно место и тоа влијае на другите членови на семејството. Апсолутно јасно е дека Вилијам и Кејт се емотивно блиски, но тие не доживуваат потреба да ја докажуваат својата љубов на официјални настани. Тие се силен и независен пар и не е потребно тоа да биде видено од целиот свет “, објаснува експертот.
Тој исто така додава дека „Кејт е созреана жена и нема потреба некој да ја држи за раката“.

loading...

Коментирај