Зошто хакерскиот напад на ДИК, не бил пријавен во МВР? Страницата со резултати е недостапна и денес

0
316

Веб-страницата на Државната изборна комисија не работи од синоќа, откако беа, на кратко, објавени првичните резултати според кои, ВМРО-ДПМНЕ беше во предност.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, синоќа соопшти дека биле цел на хакерски напад, но ништо не пријавиле во полиција.

Официјалните информации од МВР за Телма се дека до нив нема никаква пријава од ДИК дека биле хакирани и затоа Секторот за компјутерски криминал не истражува што се случи со официјалната страница на изборниот ден.

Нападот на електронскиот систем предизвика хаос, велат од ДИК за 360 степени и објаснуваат дека рачно ги прегледуваат сите записници и најавуваат конечни неофицијални резултати во попладневните часови.

Сѐ уште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии, и притоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр. 16) , како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати. Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија!

Порталот Сакамдакажам дознава дека ѝ го дал сајтот на компјутерската фирма без оглас со директно преговарање една недела пред избори.

Извор: Република.мк

Коментирај