Зошто е пивото полезно за вашето здравје?

0
1247
Bar Beer

Меѓу луѓето постои верување дека од многу пиење пиво можете да добиете „пивски стомак“ и да се здебелите. Ама, никој сигурно не ви ги кажал бенефитите од пиењето пиво во умерени количини.

Зошто е полезно да пиете пиво?

1.Пивото ви ги чува бубрезите – една финска студија покажала дека ако треба да изберете пиво или друг алкохол, секогаш треба да се решите за пивото, бидејќи е добро за вашите бубрези, односно ја намалува можноста за појава на камења во бубрезите.

2. Помага при варењето на храната – ова особено се однесува на темното пиво коешто содржи растворливи влакна.

3. Пивото може да ја намали висината на лош холестерол во крвта и тоа заради растворливите влакна што ги содржи.

4. Пивото во себе содржи неколку Б витамини (Б1, Б2, Б6 и Б12), а лекарите препорачуваат секојдневен внес на овие витамини во организмот.

5. Пивото, според една студија од 2009 година, ги зацврстува коските.

6. Пивото е лек против несоница.

7. Го намалува ризикот од срцев удар. Всушност, луѓето коишто пијат пиво имаат за 40 до 60% поголема шанса да доживеат срцев удар.

8. Пивото може да биде одлична превентива против згрутчувањето на крвта.

9. Пивото ја подобрува меморијата. Според неколку скорешни студии, луѓето што пијат пиво имаат помала можноста да развијат Алцхајмерова болест за разлика од тие што не пијат пиво.

10. Пивото помага во борба против стресот – две чаши пиво дневно се сосема доволни, велат од Универзитетот во Монтреал.

Сега кога знаете дека пивото е здраво за вас, ви препорачуваме да го пробате белгиското пиво Leffe. По првата голтка ќе се уверите во неговиот совршен вкус и тоа ќе биде вашето омилено пиво.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај