Зошто е корисно да се “дремне“ преку ден?

0
286

Некои од нас не можат да го замислат денот, ако не си “дремнат“ бар на кратко, попладне. Други пак, не сакаат ни да помислат да прилегнат се до вечерните часови.

Јасно е дека квалитетниот сон преку ноќта е од огромно значење на нашето здравје, од зголемување на продуктивноста до заштита на срцето, а од неодамна научниците изјавија дека влијае и врз среќата.

Истражувањата покажаа дека 30-минутно спиење во текот на денот, го прави човекот повеќе фокусиран, продуктивен и креативен, а ова истражување го надополнија со трврдењето дека луѓето кои “дремнуваат“ во текот на денот се и повеќе среќни од останатите.

Истражувањето е направено на 1000 испитаници кои во анкетата одговарале на психолошки прашања за нивните навики во однос на спиењето.

66% проценти од нив, одговориле дека се чувствуваат среќно. Затоа, научниците истакнуваат дека спиењето има голема врска со чувството на благосостојба и среќа.

43% од испитаниците се од 18 до 30 години кои спијат подолго во текот на денот, додека само 30% се луѓе постари од 50 години.

Што мислите вие, какво е вашето искуство?

www.hybread.mk

Коментирај