Зоки Кичеец и пензионерката Тодоровска на распит во Обвинителството

0
87

Пензионерката Лилјана Тодоровска која е потписничка на проектот за европски центар за меѓународниот Сојуз на Боки13, утрово била на распит во Обвинителството, пренесе А1.он. Таа стана актуелна кога се дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз.

Во Обвинителството на распит беше спроведен и Зоран Кичеец, бизнисменот кој е втор осомничен во Рекет.

Тој беше виден и на снимките од Ла Верита како со Боки 13 бара и зема рекет од Орце Камчев.

До сега за случајот кој ја дрма македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките од страна на Орце Камчев, Елизабета Јосифовска и обвинителот Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на Јанева, додека утре пред Русковска исказ треба да даде токму специјалната обвинителка Катица Јанева.

Коментирај