Зоки Кичеец од Шутка однесен на Кардиологија

0
437

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, објави 24 инфо.

Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката. Според информациите на клиника се присутни неколкумина припадници на МВР. Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар Мајка Тереза. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија.

Извор: република.мк

Коментирај