Знаци кои покажуваат дека не сте сексуално компатибилни

0
1179

Љубов и секс, секс и љубов. Двата концепти често се мешаат. Многу непријатна ситуација е кога партнерите се заљубени, но сексот не им е „погоден“. Постојат одредени знаци кои укажуваат дека сте сексуално некомпатибилни. Еве кои се тие:

1. Сексот ретко е спонтан
Овој знак сугерира дека како двојка вие имате секс, бидејќи така се подразбира, бидејќи така прават вљубените. Сепак, ова е сигнал дека страст меѓу вас не постои, искрата не се пали сама по себе, туку треба да биде „запалена“ насила.

2. Немате заеднички омилени секс пози
Ако на двајцата ви се допаѓаат различни секс стилови, тоа е алармантно, бидејќи постојано ќе треба да правите компромиси заради другиот. Ќе се вртите – на едната поза во името на задоволството на едниот, па другата поза, во името на уживањето на другиот.

3. Никогаш не сте во ритам
Важен знак кој дефинитивно покажува дека сте сексуално некомпитабилни.

4. Еден од вас постојано прави нешто што не треба
И тоа не е затоа што не може да се сети што ви се допаѓа, а што не, туку едноставно затоа што секс стиловите ви се тотално различни и одвнатре ви доаѓаат да правите различни нешта.

5. Имате секс додека е пуштен телевизорот
Замислете – толку ви е здодевно што дури имате и време да „фрлите“ по едно око кон телевизорот за да видите што се емитува во моментот.

6. Имате секс само околу специјалните прилики
Секс за роденденот, секс за Божиќ, секс за време на летен одмор – тоа страст ли е?

7. Никогаш не сте возбудени во исто време
Многу голема пречка за плоден сексуален живот е фактот што никогаш не се возбудувате во исто време. Утринскиот секс е последното нешто за кое мислите додека вашиот партнер обожава утринскиот секс. Или обратно.

8. Потребно е сами да ја дозавршите работата
Кога партнерот/ партнерката вечно завршува пред вас и ве остава „недовршени“… Ужасно…

9. Либидото ви се разминува
Тој/таа сака да имате секс секој ден а вие немате потреба од толку чести милувања. Тоа е проблем.

10. Ваша пријателка се фали дека секогаш стигнува до оргазам
И веројатно не ве лаже. Но ако за вас тоа е реткост треба добро да се замислите и да ги побарате причините зошто е тоа така…

Коментирај