Знаци кои покажуваат дека не му верувате на вашиот партнер

0
798

Скоро секој човек ако барем еднаш бил измамен во љубовта повеќе никогаш нема целосно да се опушти да верува. Тоа лошо искуство се пренесува во секоја наредна врска. Меѓутоа ако не се тргне сомнежот не постои можност за опстанок на врската. Пред да достигнете неуспех во врската, видете кои се знаците кои покажуваат дека не му верувате на вашиот партнер. Откако ќе ги воочите, размислете дали вашите сомневања се оправдани или се само во вашата глава.

Го „прогонувате“ на социјалните мрежи
„Фрлајќи“ ги очите од време на време во она што вашиот партнер го споделува и со кого комуницира на интернет е безопасно и сосема нормално за повеќето жени и мажи. Меѓутоа, лошо е кога „прогонувањето“ почнува да зазема пошироко ниво.
Ако сте направиле лажен профил, од кој ќе пратите што прави партнерот, ако сте ја научиле лозинката и директно влегувате во неговиот профил, за да прочитате со кого пишувал тоа е веќе проблем. Уште поголем проблем е ако не најдете ништо таму, но сè уште сте опседнати со гледање на сè што прави тој.

Ги следите поранешните девојки на партнерот од вашата социјална мрежа
Следењето што прават неговите поранешни девојки исто така е јасен знак дека ви недостасува доверба. За да докажете дека сте во право и дека ве изневерува вие сте подготвени да ги демните сите можни слики и не само на поранешната девојка туку и на профилите на сите негови блиски, вклучувајќи ги сестрите, браќата, братучедите, пријателите и пријателките, соседите, другарите од детството или од училишните години.

Страдате од вознемиреност
Анксиозноста често е знак за недостаток на доверба во врската. Многу жени се плашат да бидат независни од своите сопрузи. Тоа почнува да ја поттикнува напнатоста, претворајќи ја во вознемиреност  и немир. Се плашите да се одделите од вашиот партнер, за да не ве изневери. Го придружувате на сите настани, дури и на излегувањето со колегите каде што во повеќето случаи не ви е таму местото. Не излегувате со пријателки, бидејќи нема бидете мирни што прави тој сам дома.

Коментирај