Знамето на НАТО се вее пред Собрание: Пратениците едногласно го ратификуваа протоколот за членство во Алијансата

0
419

Собранието со 114 гласови – ЗА, ниту еден против и без воздржани го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО Алијансата – историски очекуван момент за Македонија.

По гласањето се одржа свечено подигање на НАТО знамето пред законодавниот дом.

До полноправно членство на земјава во НАТО станува уште ратификацијата во парламентот на Шпанија која доцни поради нејзината внатрешна политичка криза.

Протоколот во македонското собрание се ратификуваше со одложено дејство и ќе стапи во сила по ратификацијата и во шпанското собрание.

Коментирај