Знаете ли зошто топчињата за голф имаат вдлабнатини?

0
371

Опкружени сме од илјадници предмети а за некои од нив не сме ни знаеле дека  не секогаш изгледале како што изгледаат денес. Дали сте знаете на пример дека кога голфот бил во својот почеток, топките за голф биле совршено мазни?

Со текот на времето, играчите забележале дека колку постара е топката, толку подобри се и ударите со неа. Затоа престанале да купуваат нови топки и ги користеле истите топки со месеци.

Тоа не било добро за трговците и тие пуштиле на пазарот специјални „стари“ топки со повеќе вдлабнатини.

А еве го и научното објаснување – при мазна површина по удар воздушната струја би создала „турбулентен реон“ во задниот дел на топката. Од своја страна тоа доведува до отпор, што не би овозможил топката да лета на доволна оддалеченост. Наједноставното решение на овој проблем е токму додавањето на вдлабнатини по целата површина на топката.

 

Коментирај