Знаете ли зошто децата се смеат почесто од возрасните? Погледнете го ова, и се ќе ви биде јасно

0
182

Факт е дека децата се посреќни од возрасните, бидејќи секогаш знаат самите себеси да се насмеат, па дури и ако тоа значи на наједноставниот можен начин.

Но на многумина не им е јасно зошто тоа е така, а експертите штотуку покажаа која е главната разлика помеѓу децата и возрасните. Станува збор за сосема поразлична перспектива на гледање на работите и ситуациите кои ги опкружуваат.

Ако немаат молив, тие ќе нацртаат со креда. Ако немаат топка, ќе искористат обична кутија. Ако немаат точак, тие ќе се снајдат со било што. Со тоа можеме да заклучиме дека децата ќе импровизираат на секаков можен начин, ќе фаќаат гуштери, ќе скокаат во снегот, ќе прават колачи од кал, и ќе лижат мразулци преправајќи се дека е сладолед.

Кога ќе видат свое другарче, тие не гледаат раса, материјална состојба, вера, боја на кожа или историја на неговите родители, туку тие веднаш почнуваат со смеење, играње, пеење песни и забавување во секоја смисла на зборот.

Сето тоа е резултат на нивните намалени очекувања, а и на нивната бујна имагинација и добра волја. 

Извор: ЗадАголот

Коментирај