Значењето на тетоважите од минатото до денес

0
987

Кога донесуваме одлука за тетоважа на нашето тело, тоа обично има одредено лично значење за нас.
Последните неколку години тетоважите станаа вистински моден тренд поденакво за мажите и за жените.

Тетовирањето е уметност што постои илијадници години. Во минатото тетоважите биле симбол на статусот на личноста или нејзиниот племенски афинитет. Биле користени и како украс за телото или пак служеле како начин за казнување на поединец.

Смрзнатото тело на славниот Етзи -познат како леден човек, чие тело е старо 5300 години, е пронајдено во 1991 година на италијанските Алпи со 61 тетоважа на него.
Според стручните лица овие тетоважи на неговото тело биле користени како вид на терапија.

Но, најстарото објаснување за тетовирањето е поврзано со човечката духовност.

Првите тетоважи служеле како вид на амајлии за заштита на телото на личноста од непознати.
Во древен Египет се верувало дека богот Бес е заштитник на бремените жени, и најчесто тие го тетовирале неговиот линк на внатрешната страна на бедрата. Верувале дека ќе ги заштити за време на пораѓањето.

d9kmr

Денеска тетоважите се уште претставуваат начин на изразување на верските погледи или духовноста на личноста. Или како што тоа го објаснува др. Џејкоб Маерс од универизтетот „Emory“, тетоважите го означуваат духовниот пат на личноста.

Фондацијата на духовните науки спроведе истражување за духовното влијание на тетоважите со кое се заклучи дека тетоважите , без оглед на нивната важност, главно негативно влијаат на личноста , особено ако тетоважата е ставена првенствено од модерени причини.

Стручните лица велат дека овој вид на тетоважи го спречуваат напредокот на духовноста кај личноста, односно личноста станува ограничена во развивање на духовноста. Од друга страна влијае на физичкиот и духовен немир, а додека пак намерното прикажување на тетоважата го зголемува егото.

2

Според тоа, тетоважите не придонесуваат за никаква духовна корист и не означуваат задолжителен духовен развој кај личноста.

Доколку се одлучиме за духовна тетоважа за време на нашиот животен пат, секако дека оваа тетоважа ќе не потсетува на тој пат, но ќе го огранични нашиот понатамошен развој, како на пример ограничен развој на свеста, и развивање на духовноста. Да имаме во предвид дека тетоважата е нешто што останува на телото на човекот засекогаш.

И покрај се, секојдневно луѓето се одлучуваат за тетовирање на телата, а повеќето најчесто користат духовни симболи.

Што значат некои од нив:

Лотосов лист:
Lord-Ganesh-in-lotus-flower

Ова е моќен симбол во азиските религии. Тропското цвеќе има магична миризба, а најчесто боговите од Хиндуизмот се прикажани како седат во лотосов цвет или се насликани како во рацете држат лотосов цвет, поради чистотата што ја симболизира овој цвет.
Во Будизмот отворениот лотосов цвет претставува просветлување.

Троен чвор:
tetovac5bee-os-uma-2

Ова е келтски нордиски симбол со пагански корени. Се верува дека трите дела од кој е составен, претставуваат поврзаност со земјата, морето и небото додека во Христијанската религија го означува Светото тројство. Исто така ова претставува и симбол на вечноста.

ОМ:
df17017f2f46c6eb8b690b84f08dffb0

Симболот ОМ е од огромно значење во Хиндуизмот. Претставува збор во кој се состои целиот Свемир.
Според други верување симболизира минато, сегашност и иднина, се што било, што ќе дојде и што е сега. Воедно симболот ОМ на телото може да симболизира привлекување на добра карма и заштита од негативни влијанија и сили.

Сидро:
3250569672_1_9_3ldhyePa

Ова е симбол на надежта, спасението и вечниот живот. Во римските катакомби , каде што биле закопани многу христијани се пронајдени бројни тетоважи со овој симбол кои датираат од 2-ри и 3-тиот век .

Доколку размислувате да го насликате телото со тетоважа од духовно значење или било каква, стручните лица препорачуваат да обрнете внимание на овие 8 емоционални фази:

 

1. Улога на тетоважата- фаза во која се распрашуваме што повеќе за значењето на тетоважите;
2. Одлука- фаза во која размислуваме дали навистина сакаме да имаме тетоважа и колкава е болката со која треба да се соочиме;
3. Што ако…- како би изгледала таа тетоважа на тоа место по 10 години;
4. Предомислување- кога еднаш ќе го нацртаме телото нема враќање назад, одлуката мора да е донесена;
5. Откажување- секој може да се предомисли во врска со оваа одлука, но доколку тоа се случи потребно е да бидеме навистина одлучни;
6. Објективно мислење- фаза кога бараме мислење од нашите блиски;
7. Тетовирање- предпоследна фаза на реализирање на идејата;
8. Спокој- кога веќе знаеме дека тоа сакаме да го направиме без разлика на се, може да се опуштиме и да уживаме во кратката „болка“.

www.hybread.mk

Коментирај