Златната статуа на Ердоган веднаш стана мета за вандализам, погледнете што се случи (ВИДЕО)

0
497

Златната статуа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предизвика различни реакции кај жителите на германскиот град Визбаден.

Скулптурата најпрвин предизвика љубопитство кај жителите , за потоа да се појават лути коментари во медиумите, а потоа реагираше и полицијата. Додека се појавија полицајците златната четириметарска статуа веќе беше вандализирана.

Некој на неа напишал погрдни зборови и нацртал навредливи шкртаници. На крајот целиот метеж бил решен кога на јавниоста и било објаснето дека статуата на Ердоган, која потсетува на огромната златна статуа на Садам Хусеин, е уметничка инсталација.

Инсталацијата требало да биде дел од Биеналетио во Висбаден , што се затвора на 2 септември под мотото „Лоши вести“ . По вчерашното подигнување, златната статуа на Ердоган предизвика лавина негативни реакции и на социјалните мрежи.

Коментирај