Златев: Ова со сликањето фискални е една од најглупавите пропагандни, глупава е дури и за Заев стандарди

0
367

„Ова со сликањето фискални е една од најглупавите, исклучиво пропагандни, политики кои било кога се наметнати во земјава! Глупава е дури и за Заев стандарди!

Добро, зошто едноставно не го намалат ДДВ за 1%, 2%, 3% (или колку и реално да изнесува повратот) и не го решат проблемот со тоа што нема да ги земаат парите од граѓаните? Зошто по ѓаволите прават поврат на пари кога едноставно може истите да не ги наплатат и тие да останат во нашите џебови?

Наместо бирократии и глупости, работите би биле милион пати поедноставни.

Ќе речете, така цените ќе останат истите трговците и производителите ќе си го зголемат профитот. Тоа значи дека немате елементарно познавање од економија. И да остане кај трговците и производителите, еден ден, на ваков или онаков начин пак ќе се вратат тие пари на пазарот. Ако веќе сакате профитот да не остане кај трговците и производителите туку кај потрошувачите, можете проблемот едноставно да го решите со минимална регулатива…

Вака изведено, ова е тотална глупост“, стои во Фејсбук објавата на новинарот Љупчо Златев

IMG_20190620_103420_720

Коментирај