Зијадин Села: Посебни експоненти на ДУИ отишле и го фалсификувале моето гласање во Парламентот

0
323

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во вчерасното гостување на телевизијата Клан Македонија призна дека во Собранието на Македонија се прави манипулација со гласањата. Како конкретен пример го наведе денот кога се гласаше Законот за јазиците, за што вели дека луѓе на ДУИ отишле и го фалсификувале неговото гласање за да излезе во јавноста дека Зијадин Села не гласал.

Тој додава дека, до сега молчел затоа што не сал да му даде аргументи на ВМРО-ДПМНЕ, дека се манипулира со гласањата внатре во Собранието.

– Не знам колку сте информиран, но сигурно сте следеле во јавноста дека посебни експоненти на ДУИ отишле и го фалсификувале моето гласање во Парламентот само за да прават кампање и да ги присвојат заслугите за гласањето на Законот за јазици, за да излезе во јавноста дека Зијадин Села не гласал. Го знам кој е тој човек кој ја води пропагандата на ДУИ.

Но во тој момент избрав да не зборувам затоа што ако зборував ќе им дадев аргументи на македонските опозициски субјекти, во конкретниот случај ВМРО-ДПМНЕ, дека се манипулираат гласањата внатре во Собрание, рече Зијадин Села. Затоа што, додава Села, ова беше и една од нивните забелешки во однос на гласањето на Законот за јазици, зошто на пример се гласа по брза постапка, зошто се гласа европско знаменце и така натаму. Не сакам да им дадам дополнителен придонес во однос на ова прашање. Лидерот на Алијансата, вели дека тој лично, на интерен начин побарал од Талат Џафери објаснување за ова прашање му одговориле дека имало грешка во системот поради тоа што Груевски фрлил вода.

– Лично, на интерен начин, побарав од претседателот на Собранието да го објазни ова прашање. Вие сигурно знаете дека кога се гласа во собранието има две табели, два екрани. Од едната страна се со броеви, бројот на гласови и од другата страна е со столчиња и со зелено, црвено или жолто светло, или дека воопшто не гласал во однос на местото каде седиш. Кога ја побарав и оваа снимка ми рекоа дека тој ден не сункционирала и дека имало грешка во системот кој ги регистрира гласовите како последица на фрлањето вода на поранешниот премиер Никола Груевски и камерата била ориентирана кај инциндентот што се случуваше со претседателот на Парламентот. Ова е изветреана лага затоа што камерите во Собранието се статични, секоја е поставена на одреден правец, истакна Села.

Извор:republika.mk

Коментирај