Зидан: Тоа е фудбалот – тие напаѓаа, ние победивме

0
445

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е задоволен од исходот по првиот дуел во полуфиналната пресметка од ЛШ против Баерн Минхен. Реал победи во не многу убедлива игра, но ги искористи своите шанси.

– Тоа е фудбалот. Тие напаѓаа, ние ги искористивме нашите шанси и победивме. Во првото полувреме не бевме многу уверливи, во второто беше подобро. Задоволен сум од резултатот. Сепак, сакам да потенцирам дека нема никакво опуштање и дека ништо не е готово. Имаме поволен резултат пред реваншот, но мора да одработиме коректно, истакна предводникот на европскиот шампион.

Реал победи на гостувањето кај Баерн со 2:1 и со предност ќе влезе на реваншот закажан за 1 мај.

Коментирај