ЖРК Вардар со победа над Турингер го освои првото место во групата

0
662
Ракометарките на ЖРК Вардар со победата попладнево против Турнингер од 36:26 (19:12) го освоија првото место во групата 1 од главната фаза од Лигата на шампионите и во четвртфиналето реваншот ќе го играат на домашен терен.
На денешниот натпревар против Турингер „вардарки“ почнаа силно и по десетина минути игра имаа водство од 7:2 со што беше најавена победата и прекин на серијата од два пораза. На полувреме македонскиот првак водеше со 19:12. Водството во вториот дел „црвено-црните“ постојано го зголемуваа и во 42.минута за првпат имаа и двоцифрена разлика (27:17).
Најефикасни кај ЖРК Вардар беа Јованка Радичевиќ со 9 голови, додека Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ постигнаа по 5 голови.
Противник на ЖРК Вардар во четвртфиналето ќе му биде четвртопласираната екипа од групата 2. Во моментов тоа е европскиот првак Букурешт. Но, доколку оваа екипа утре победи во дуелот со Есбјерг, тогаш ЖРК Вардар ќе игра против данскиот тим Митјиланд.
Резултати од 6.коло од група 1: Вардар – Турингер 36:26, Астраханочка – Мец 20:28 и ФТЦ – Будуќност 23:24.
Табела: ЖРК Вардар 15, ФТЦ 14, Будуќност 14, Мец 10, Турингер 5 и Астраханочка 2.
Резултати од 6.коло група 2: Крим – Митјиланд 21:27. Дуелите: Есбјерг – Букурешт  и Ларвик – Ѓер се играат утре.
Табела: Ѓер 15, Ларвик 12, Митјиланд 10, Букурешт 9, Крим 6 и Есбјерг 4.

Коментирај