Животот на кралицата Елизабета II од бебе во 1926 до денес (ВИДЕО)

0
778

Кралицата Елизабета се родила на 17 Брутон Стрит во Мејфеар, Лондон на 21 април, 1926. Нејзиниот татко бил Принцот Алберт, Војвода на Јорк (подоцна крал Џорџ VI), вториот најстар син на Џорџ V и кралицата Мери. Нејзината мајка била Војвотката на Јорк (Леди Елизабета Боуз-Лајон), ќерка на Клод Џорџ Боуз-Лајон, 14-ти Гроф на Стратмор и Кингхорн и неговата жена, Грофицата од Стратмор.

Елизабета била крстена по нејзината мајка, додека двете средни имиња се преземени од нејзината баба од таткова страна Кралицата Александра и од нејзината баба Кралицата Мери. Како дете членовите на нејзиното најблиско семејство ја нарекувале „Лилибет“.

Како внука по машка линија на британскиот суверен, таа ја имала титулата Британска принцеза и ословувана Нејзиното Кралско Височество. Полниот начин на ословување ѝ бил Нејзиното Кралско Височество Принцезата Елизабета од Јорк. Кога се родила, таа била трета во наследната низа на британскиот престол, зад нејзиниот татко и чичко, Принцот од Велс (подоцна Крал Едвард VIII). Иако нејзиното раѓање побудило јавен интерес, никој неможел да предвиди дека таа би станала кралица. Се претпоставувало дека нејзиниот чичко, Принцот од Велс би се оженил и би имал деца во догледно време. Доколку Едвард останел на престолот и немал деца (што било веројатно), Елизабета сепак би била Кралица.

Младата принцеза Елизабета добила домашно образование, како и нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет, под туторство на нејзината мајка, а потоа Војвотката од Јорк. Нејзината гувернанта била Марион Крафорд. За да се подготви за својата идна улога, таа почнува да изучува право и уставна историја, како и уметности, музика, јавање и пливање. Веронауката пак, ја научила од Кантербуршкиот надпискуп и отсекогаш била побожен верник во рамките на Англиканската црква.

Кога нејзиниот татко станал Крал 1936 со абдикацијата на нејзиниот чичко Едвард VIII, Елизабета станала наследничка.

Во октомври 1940 година на само 14 години, принцезата Елизабета го имала нејзиниот прв јавен говор. Во војната Елизабета поголемиот дел од времето го поминува  во замокот Виндзор надвор од Лондон, наместо во главната кралска резиденција – Бакингемската палата.

Во 1947 година е објавена свршувачката на принцезата Елизабета и Филип Маунтбатен, кој има грчко, данско и германско кралско потекло. Нивната свадба е неколку месеци подоцна во Вестминстерската опатија во Лондон. Маунтбатен ја добива титулата принцот Филип и војводата од Единбург.

Младата принцеза Елизабета, станува мајка на две деца – принцот Чарлс и принцезата Ана. На нејзина 25-годишна возраст веќе се наоѓа во центарот на британскиот политички живот, откако нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, умира ненадејно во 1952 година. Откако станува кралица, Елизабета раѓа уште две деца – кнезовите Андреј и Едвард.

Во 1981 година,  принцот Чарлс се жени со лејди Дијана Спенсер. Бракот им е обележан со гласини за афера помеѓу Чарлс и неговата поранешна девојка, мажената во тоа време Камила Паркер- Боулс, која во 2005 година станува негова втора сопруга. Во 1992 година беше објавено дека принцот Чарлс и принцезата Дијана планираат да се разведат. Овој настан, како и големиот пожар во замокот Виндзор, ја тераат Нејзиното Височество да ја нарече 1992 година „annus horribilis“ – „ужасна година“ на латински. Дијана умира во сообраќајна несреќа во 1997 година. Нејзината смрт ја растажи целата нација. Многумина го критикуваат кралското семејство, вклучувајќи ја и кралицата, за нивното студенило кон принцезата.
Кралицата Елизабета Втора, која е најдолго владејачкиот британски монарх, вели дека во тешките времиња ја држат христијанската вера и максималната „умереност во сè“, проповедена од кралицата Викторија.

loading...

Коментирај