Жителите на Ѓорче Петров се закануваат со масовен протест доколку не се реши проблемот со аерозагадувањето

0
89

Фејсбук страната „Ѓорче Петров“ утрово преку свој статус на Фејсбук се закани со протести доколку не се реши проблемот со ареозагадувањето во нивната општина.

-Утринава повторно на „врвот“ на загадување во Скопје, веднаш по Карпош. Кога ќе споредите колку автомобили, луѓе и концентрација на движење има во Карпош, а потоа дека Ѓорче е веднаш по него со аерозагадување, заклучокот е повеќе од загрижувачки.Податоците се од официјалната страна на Министерството за животна средина http://air.moepp.gov.mk/?page_id=175&fbclid=IwAR2jouFEUAPpOFxQeACkLgQrRxJvRORERbGvh48vfxffap9VPQJ6YaAaoEM

Во текот на вчерашното претпладне Центар беше на првото, ние на второто место.
Со падот на температурите грејната сезона влегува во полн ек.Институциите молчат, а најсериозните мерки им се ”работни” акции кои се организираат на ниво на лотарија, ако зачистат граѓаните тоа и тоа, како награда ќе добијат тоа и тоа. ГРАЃАНИТЕ ДА ЧИСТАТ Сакаме да упатиме јавно прашање до локалната и градската самоуправа.
Замолуваме да се пренесе до што повеќе луѓе и медиуми !ИМА ЛИ НАМЕРА НЕКОЈ ДА ПРЕВЗЕМЕ НЕШТО ?

Ѓорче станува гасна комора, а никој мува не го лази.Доколку како граѓани, не не уверите дека навистина превземате мерки за да го решите овој проблем, најавуваме организација на МАСОВЕН ПРОТЕСТ !Бидејќи секој од нас заслужува да дише!, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Извор: курир.мк

Коментирај