ЖЕСТОКА КАВГА ВО НСДП: Јосифовски не ја повлекол кандидатурата, Петковски ја злоупотребил својата позиција

0
691

Во трката за претседател на партијата НСДП настана препукување меѓу кандидатите за претседател на партијата,  Тито Петковски и Љубомир Јосифовски. Медиумите објавија дека поранешниот пратеник Јосифовски ја повлекол кандидатурата за претседател на Партијата и дека единствен кандидат е Тито Петковски.

-Ниту сум повлекол кандидатура, ниту пак има намера…Тито Петковски на највулгарен начин ја злоупотреби својата позиција, напиша на својот Фејсбук профил, Јосифовски и побара од медиумите кои ја објавија веста да го објават демантот.

Во коментар во објавата, Јосифовски го повикува „Независен весник“ да направи демант согласно неговото барање до нив.

„ОВА Е ПРАТЕНО КАКО ДЕМАНТ….ОЧЕКУВАМ ОБЈАВА ОД Nezavisen Vesnik

Не е точно дека сум ја повлекол мојата кандидатура…

Како целосна слика од денешните случувања можете да ја искориститр следнава моја изјава…

Љубомир Јосифовски, поднесе кандидатура за нов претседател на НСДП, вели дека досегашниот и иден лидер на партијата, Тито Петковски, ја злоупотребил својата позиција.

Тензично поминала денешната седница на Централниот одбор. Јосифовски се побунил откако членовите донеле одлука Петковски да биде единствен кандидат на Конгресот кој ќе се одржи на 13 мај. Петковски, вели тој, со притисок врз членовите издејствувал да донесат одлука која е спротивна на статутот на партијата.

-Имаше конфликт, не се согласував со тоа што тој ја злоупотреби позицијата како претседател. Согласно статутот на НСДП секој член има право да бира и да биде избран. Јас поднесав кандидатура пред еден месец и истата беше поздравена од Тито Петковски и од органите на партијата. Кога се соочи со реалноста дека не може да биде избран одлучи да направи радикален чекор и денеска да ги изманипулира членовите на Централниот одбор…

Тој додава дека Петковски ја злоупотребил својата позиција така што на Централниот одбор му ставил одлука за гласање во која само тој се предлага сам себе за единствен кандидат. Својот чекор го објаснил велејќи дека бил предложен од сите општински организации.

-Прекршен е статутот затоа што Централниот одбор нема право да бираат дали ќе има еден или повеќе кандидати, тоа право го има Конгресот – вели Јосифовски кој често можеше да се види во првите борбени редови на протестите против власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Тито Петковски е на чело на НСДП откако партијата е формирана пред 13 години. Јосифовски вели дека ги мотивирал помладите да се кандидираат, но дека во првиот момент кога се појавил ривал, тој се исплашил.

-Во случајов голем дел од членството се изложени на притисок. Тоа што го направи е нон сенс, го девалвира својот политички интегритет. Длабоко ме разочара и покажа дека нема чувството за демократија – вели тој“.

Фејсбук коментар на Љубомир Јосифовски

Коментирај