Жешко време и висок УВ индекс

0
145

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а дневната температура од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 15 степени, а дневна температура до 34 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Коментирај