Жешката професорка го батали Бред Пит за овој милијардер

0
328

Убавата израелска архитектка и професорка на универзитетот MIT, Нери Оксман, според пишувањата на странските медиуми, целосно го освои и шармираше Бред Пит. Но, за негова жал, славниот акте не успеа да ја освои неа.

Минатиот викенд папараците ја фотографираа Нери во Париз, во друштво на нејзиниот дечко, милијардерот Бил Акман. Убавата архитектка го бодреше својот дечко на тенискиот турнир во Finance Cup, во кој, како што кажува самото име, се натпреваруваат луѓето од светот на финансиите.

„Бил победи на турнирот, но ја освои и девојката. Бред ќе мора да ја засили свијата игра и својата едукација ако сака да освои таква импресивна, интелектуална жена“, вели извор за Page Six.

Друг извор пред два месеци пренесуваше дека Бред и Нери се воодушевени еден од друг.

„Веднаш се привлекоа еден со друг бидејќи споделуваат иста страст кон архитектурата, дизајнот и уметноста. Тоа е најдобро да се опише како професионално пријателство“, изјави изворот, додавајќи дека Бред сака да поминува повеќе време со Нери бидејќи го фасцинира.

Извор: taratur.mk

Коментирај