Женски сексуални фантазии

0
378

Фантазијата е моќна сексуална алатка која предизвикува голема возбуда и страст.

Многу почесто слушаме за машките фантазии и за тоа што мажите посакуваат во кревет. Женските сексуални фантазии сè уште како да остануваат во категоријата табу. И покрај тоа, постојат релевантни докази дека колку и да се различни жените една од друга, голем дел од нивните фантазии се повторуваат. Еве мал дел од мистичниот свет на женските сексуални фантазии:

Воајеризам. Иако многумина мислат дека воајеризамот е омилена машка фантазија, и жените исто така сакаат да гледаат сексуален однос на други личности.

Егзибиционизам. Стриптизерки, нудисти, плејбој зајачици, домашни порно снимки и веб камери се само дел од женските фантазии, а некои на нив успеваат и добро да заработат.

Доминација – силување. Многу научници потврдиле дека една од омилените женски фантазии е груб секс или „безбедно силување“.

Секс на јавно место. Уште една фантазија која е типична за мажите, но жените имаат повеќе фантазии кога е во прашање избирањето на место за секс.

download (2)

Секс со двајца мажи. Истражувањето „Мастерс и Џонсон“ покажало дека оваа игра се повеќе се појавува кај модерните жени, а можно е тоа да е последица од влијанието на порнографијата.

Постари жени – помлади мажи. Фантазијата во која постара жена заведува помлад маж веројатно е една од најстарите фантазии. Која жена не би се сменила на една ноќ со Деми Мур?

couple_legs

Мажот како сексуален роб. Жените повеќе ги воодушевува можноста мажот да им служи за извршување на домашните обврски, отколку да им пружи сексуално задоволство.

Лезбејско искуство. Бакнеж и секс помеѓу две девојки не е само машка фантазија. Многу жени признале дека барем еднаш во животот имале еротски мисли за друга жена.

Проститутка. Која жена не размислувала за заработување на голема сума пари, на незаконски и социјално неприфатлив начин? Тоа не мора да се однесува на обично проституирање, но може на луксузна и скапа придружничка на богаташи.

Секс со странец. Љубовните романи кои сеуште се продаваат се доказ дека оваа фантазија никогаш нема да застари

Коментирај