Жените можат да се справат и со ѓаволот- ирски мудрости

0
878
  1. Радосната насмевка и здравиот сон ќе ја излечат секоја болест.
  2. Постојат само три типа на мажи кои не ги разбираат жените – млади, стари и средовечни.
  3. Никогаш не се фалете за големината на вашиот паричник, убавината на жената или вкусот на вашето пиво.
  4. Три работи што никогаш не треба да ги направите – да фрлате камен во водата, да давате совет на лута жена или да разговарате со будала.
  5. Пред да стапите во брак, отворете ги очите широко. По свадбата, затворете ги.
  6. Ако вискито не може да ја излечи болеста, тогаш немате шанса.
  7. Ние никогаш не се пoвлекуваме. Ние само продолжуваме да се движиме во различни правци.
  8. Подобро е да се вратиш од средината на реката до местото каде што тргна, отколку да потонеш и да се удавиш.
  9. Жените можат да се справат и со ѓаволот.
  10. Кога Бог го создал времето, тој создал доволно од него.
  11. Колку заработува еден маж не се гледа по неговата облека туку по облеката на неговата сопруга.
  12. Љубовта на прв поглед често се случува во темнината.
  13. Споделете ја љубовта со сопругата а тајните со својата мајка.
  14. Ако ја сакаш дури и кога е облечена во партали, тогаш твојата љубов ќе трае до крајот на животот.
  15. Подобро да бидеш кукавица за еден момент, отколку да бидеш цел живот.
  16. Секој е пријател додека кравата не влезе во неговата градина.
  17. Се жалев дека немав чевли додека не запознав човек што немаше нозе.
  18. Заборавањето на долгот не значи дека е платен.
  19. Малиот оган што загрева е подобар од огнот што гори.
  20. Не плашете се од ветерот ако сеното ви е добро врзано.

Коментирај