Жените да имаат право на менструално отсуство на работно место

0
169

Половина од глобалната работна сила припаѓа на жените. Достапните податоци зборуваат дека 1.2 милјарди од вработените жени ги чинат девојките и жените кои имаат менструација. Стигматизацијата во општеството оди дотаму да влошките и тампоните по супермаркетите се обвиткани во непроѕирни паковања за да не се види кога жената ги купува бидејќи има менструација.

Правото на менструација преставува сериозно политичко прашање. Во САД, операторка на линија 911, во 2016 година добила отказ затоа што столот на кој седела го извалкала со менструација.

Доколку работите во Србија, ќе носите црвена трака на раката за да знае раководителката дека сте помалку продуктивни.

Компанијата Нике, има овозможено на жените менструално отсуство, а во Јапонија во домашното законодавство за работниците уредена е институцијата менструално отсуство.

Феминистките реагираат дека ако мажите имаат месечен циклус и ако користат тампони и влошки ова не би било никаков проблем да го регулираат во законите.

Апелираат на прилагодување на работното место за жените кои се во циклус и тоа: бесплатни влошки и тампони, простор за хигиена, платено менструално отсуство, флексибилно работно време доколку менструациите се болни.

Македоија го нема сеуште регулирано ова прашање.

Извор: digitalnews.mk

Коментирај