Жена и малолетно дете каснати од кучиња скитници во Скопје

0
272

Два нови случаи на граѓани нападнати од кучиња во Скопје се регистрирани од полицијата во текот на вчерашниот ден.

На 27.11.2018 година во 13.50 часот било пријавено дека Б.Т. истиот ден околу 13,00 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје била касната од куче.

На 28.11.2018 година А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија“ во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник

Коментирај