Згаснува уште една фабрика: За вработените во „Веибо“ од Крива Паланка три месеци нема плати, а нема ни иднина

0
797

За само осум месеци од доаѓањето на СДСМ на власт се затвора уште една фабрика во Крива Паланка. Поради катастрофалните економски политики на власта предводена од Зоран Заев на улица остануваат околу 150 вработени од кривопаланечката фабрика Веибо.

Фабриката за текстил Веибо Груп буквално кажано „ги живее“ последните денови. Фирмата се затвора, додека околу 150 вработени се’ уште не ги добиле ниту платите, ниту им се платени придонесите за последните три месеци.

Анонимна работничка пренесува дека, отпуштени се и тие работници, коишто продолжија да работат откако на почеток на декември месец беа отуштени околу 100 работници.

Ова покажува дека владејачката СДСМ ја враќа Македонија во времето на транзицијата кога секојдневно се затвораа фабрики, а стотици илјади граѓани останаа без основни средства за живот.

Загрижени како ќе го прехранат семејството, вработените од фабриката денес протестираа пред зградата на општина Крива Паланка каде го искажа својот револт. Тие  побараа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој немајќи храброст да се соочи со нив општинската зграда ја напуштил од задниот влез и како замена испратил неодамна вработен службеник да оствари формална средба со револтираните работници.

Иако Мицевски пред локалните избори при неговата посета на оваа фабрика на вработените ветуваше многу, денес немаше доблест да одвои време за нив и да ја сослуша нивната мака. После ваквиот однос на градоначалникот, работниците видно разочарани си заминаа од пред општинската зграда и најавија дека протестите ќе продолжат.

Оваа фабрика е уште една во низата на затворени фабрики во Крива Паланка по доаѓањето на СДСМ на власт. Застрашувачки е податокот дека од 1.500 вработени во текстилната индустрија, сега остануваат помалку од 50 луѓе со што градот се соочува со социјална катастрофа.

Пракса од минатото е секогаш кога СДСМ ја има централната и локалната власт, Крива Паланка да се соочува со социјална катастрофа имајќи предвид дека за време на транзицијата која ја спроведе СДСМ над 4000 работници од овој град беа отпуштени од работа.

Коментирај