„Земјотрес“ на трансфер пазарот: Гвардиола кешира „стотка“ за Пјаниќ

0
393

Неодамна се појавија информации дека Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ доколку пристигне понуда од 80 милиони евра, па веднаш се јавија неколку заинтерсирани клубови.

Челзи прв започна преговори со „старата дама“ и е спремен да ја плати сумата, но „граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремија многу подобра понуда.

Гвардиола не сака да ја загуби битката како со Жоржињо и веќе му се јавил на Пјаниќ да го убеди да се пресели на „Етихад“. Босанецот не е задоволен што „бјанконерите“ не му нудат повисока плата и е спремен да се пресели во Премиер лигата.

Манчестер Сити е готов да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис, сума која Јувентус нема да може да ја одбие.

Наводно и тренерот Алегри дал зелено светло на операцијата, бидеќи на местото од Пјаниќ го сака играчот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Извор: sportski.mk

Коментирај