Земјоделците кои протестираа му одговорија на министерот: Владата не ги исполни ветувањата за откупните цени

0
303

Водачите на земјоделските протести му одговорија на Димков – Владата ветуваше дека оризовата арпа ќе се откупува за 25 денари, а белиот ориз за 60 денари, но после 3 години останаа само ветувања.

По денешната прес конференција на министерот за земјоделство Трајан Димков дека се исплатени субвенциите и се реализирани барањата  на земјоделците кои во саботата протестираа пред владата, се јавија и оризопроизводителите со реакција.

Оризопроизводител Драгољуб Гаврилов вели дека субвенциите за оризот требаше да бидат исплатени до мај месец, бидејќи се пресметани во фискална година за 2018-та, но биле исплатени после 6 месеци во крајот на октомври.

Најголемиот револт на оризопроизводителите доаѓа од ветувањата на оваа влада пред да дојде на власт, затоа што ветила дека цената на оризовата арпа ќе биде 25 денари, а на белиот ориз  50 денари минимум. Од тие ветувања нема ништо затоа што сеуште оризовата арпа се откупува  од 13 денари до 18 денари, а белиот ориз од 40 до 45 денари.

Земјоделецот Драгољуб вели дека затоа се револтирани оризопроизводителите кои бараат владата и Министерството за земјоделство да се придржуваат на ветеното, оризовата арпа да се откупува за  20-25 денари, а белиот ориз да се откупува за 50-60 денари.

Другото барање на оризопроизводителите е субвенциите да бидат 30 000 денари по хектар, бидејќи истите беа 18 000 денари, а оваа власт ги намали на 6 000 денари, па ги покачи на 12 000 денари, и затоа бараат за примарната обработка да им следуваат по  30 000 денари субвенција по хектар, затоа што мислат дека тоа ќе биде доволно да ги покријат ѓубривата и останатите трошоци кои ги имаат за обработка на оризот.

Во однос на нафтата која што била 40 денари, сега е 70 денари, владата ветувала дека ќе се реализира мерката за зелената нафта, но од тоа нема ништо, а за оризот се пресметува нафта од 40 килограми по хектар, дека за примарна обработка  за ориз се троши околу 150 литри по хектар.

Друга работа која што ја бараат оризопроизводителите е поврат на ДДВ-то од  два проценти кое што се  зема при секоја исплата на пари, затоа што било ветено дека со завршување на секоја година на крајот ќе им бидат исплаќани средствата, но после три години од истото не е реализирано.

Се надеваат дека со исполнување на овие барања оризопроизводителите ќе имаат достоен начин на живот, да ги покријат своите основни трошици за да можат да преживеат.

Исто така со реакција се јавија и Здружението на земјоделци и сточари.

Претседателот на здружението Митко Јанков вели дека министерот кажал дека имаат исплатено субвенции, но субвениците не се во целост исплатени, тие прашуваат каде се субвенциите.

-Недостасуваат  10-те проценти од мерката за млад земјоделец, 20 проценти од мерката  за индивидуален земјоделец, 5 проценти за  правно лице, но исто така ги нема и 10-те проценти субвенција  за отежнато подрачје, ова е само дел од она што не е исполнето, вели Јанков.

Од здружението исто така велат дека министерот Трајан Димков претходно како советник на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски им ветил на земјоделците од Општина Чашка дека ќе можат сточарите да се регистрираат како индивидуални земјоделци без земја, но тоа не се исполнило до сега.

Претседателот на здружението вели дека тој бил казнет и не земал субвенции во целост затоа што бил еден од организаторите на протестот.

Тој порача дека очекува владата да ги прими на разговор, во кој ќе бидат вклучени претставници од сите здруженија, праша каде е програмата за млад земјоделец, затоа што веќе 13 месеци нема никакви резултати од таа мерка, затоа што е згрешен начинот на бодување.

Митков вели дека владата треба да ги решава проблемите, не да се заканува на земјоделците, за да не излегуваат на протести.

Коментирај