Зекири на колена пред Ахмети: Се потсмеваше со ДУИ, а сега остава простор за разговор

0
450

Зекири на денешната прес конференција за медиумите рече дека преговорите не се исцрпени околу косензуалниот кандидат за претседател на Македонија. Тој додаде дека сѐ уште има простор за преговори со ДУИ.

-Значи се уште ништо не е конечно иако ја имате добро слушнато изјавата и од страна на претставниците од ДУИ, тие рекоа дека може да излезат со свој кандидат, но оставија простор и за други можности, ги повикаа и останатите албански политички партии да излезат заедно со кандидат, па оставија простор секако и со СДСМ за заеднички кандидат. Сите опции се отворени и уште има простор за разговор и кога ќе има нешто конкретно во таа насока секако јавноста ќе биде запознаена.

Оваа изјава на Зекири е парадоксална со самото тоа што тој го говореше во јавноста за ДУИ пред само неколку денови.

Имено пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја, порачувајќи дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев.

„Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.

Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!! Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша на Својот Фб профил Зекири, откако Законот за употреба на јазиците официјално беше објавен во Службен весник.

По, овој напад врз ДУИ од страна на Зекири, тој објави уште еден статус каде вели:

-Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски, па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев?!, праша Зекири неодамна.

Коментирај