Зеќири: ДУИ го молеше СДСМ да одиме заедно на избори за да не се види колку се слаби

0
380

ДУИ не молеше да одиме заедно на избори тврди потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири за Телма.

Тој во емисијата Топ Тема откри дека „интегративците” биле свесни дека слабо стојат меѓу граѓаните и за тоа да не се види не излегле со сопствен кандидат во првиот круг

-Не сакам да зборувам, но ДУИ не молеше да одиме со заеднички кандидат,  рече Зеќири.

Тој потенцираше дека СДСМ секој ден губи од својата поддршка поради фактот што е во коалиција со ДУИ, партија која била дел од „режимот”

Коментирај