Здрави производи кои можат сериозно да му наштетат на вашето здравје

0
197

Кафеавиот ориз апсорбира канцероген арсен

Сложените (здрави) јаглехидрати се синоним за здрава исхрана, но оризот е, исто така, добар за апсорбирање на арсен, хемиски елемент кој природно се појавува во земјата и водата. Кафеавиот ориз впива и уште повеќе од овој тежок метал отколку што е тоа случај со белиот, рефиниран ориз. Арсенот е познат како канцероген, но стручњаците се согласуваат дека поради тоа не мора сосема да го исфрлите кафеавиот ориз од својата исхрана. Наместо тоа, консумирајте го повремено, а во својата исхрана сврстете ги и останатите житарки од цело зрно.

Ако имате камен во бубрегот избегнувајте цвекло, блитва и спанаќ

Не треба посебно да се напоменува дека секој од овие производи е вистинска „бомба“ на хранливи материи, а исто така, содржат и големи количини оксалати, природни состојки кои ја имаат улогата на пробиотик и ги хранат добрите материи кои се наоѓаат во вашите црева. Меѓутоа, ако сте склони кон камен во бубрегот, консумирањето на храната богата со оксалати може само да ја влоши вашата состојба, имајќи предвид дека на бубрезите ќе им биде тешко да ги филтрираат овие состојки. Во тој случај најдобро би било да ги избегнувате производите богати со оксалати, или да ги консумирате алтернативите како што се зелката и карфиолот.

Туната од конзерви содржи жива опасна за децата и трудниците

Туната од конзерва според цената е приступачна, практична и богата со протеини и важни омега-3 масни киселини. Меѓутоа, во неа може да се пронајде и малку жива, која може да го оштети нервниот систем кај малите деца, па да го спречи правилниот развој на нивниот мозок. Во поголеми количини живата може да биде опасна и за возрасните, но стручњаците сѐ уште не се сигурни колку конзерви туна би требало да изедеме за симптомите (вкочанетост, проблеми со видот и памтењето), навистина да се појават. Ако сте бремени, доите или се обидувате да забремените немојте да консумирате повеќе од една конзерва туна неделно.

Само еден бразилски орев на ден!

Бразилските ореви се познати како најдобар извор на селен, хемиски елемент кој игра клучна улога во репродукцијата и е голем сојузник на вашето тело во борбата против разните инфекции. Само еден бразилски орев може да ви пружи 90 мцг селен, што е речиси двојно повеќе од количината која ви е потребна секој ден. Повременото грицкање бразилски орев е во ред, но секојдневното консумирање може да ве изложи на ризик од труење со селен, а тоа може да доведе до опаѓање на косата, проблеми со дигестивниот систем, невролошки проблеми, вртоглавица, па дури и до срцеви удари и откажување на бубрегот!
За да ги избегнете можните проблеми ограничете го консумирањето на неколку бразилски ореви неколкупати неделно или консумирајте еден или два ореви дневно неколкупати во текот на неделата.

Коментирај