Здрав рецепт за брауни колачиња со само 4 состојки

0
375

Овој рецепт е готов за 5 минути, одлично ќе оди со вашето утринско кафе и е навистина здрав. Покрај тоа, ги задоволува и потребите на веганите, како и на оние што не јадат глутен.

Потребни состојки: 65 грама кокосово брашно, 65 грама какао во прав, 65 грама бадемово масло, 95 грама мед

Начин на подготовка: Поставете хартија за печење во длабока тава. Во друг сад измешајте ги кокосовото брашно и какаото. Растопете го маслото и измешајте го со медот. Додајте ја смесата од масло и мед во кокосот и какаото и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Тестото распоредете го на хартијата за печење и оставете да отстои во фрижидер околу 30 минути.

Колку подолго колачот стои во фрижидер, толку повкусен ќе биде.

Извор: СкопјеИнфо.мк

Коментирај