ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО – МИСТИЧНИТЕ ПРОРОШТВА НА ДЕДО ЗАФИР И УШТЕ МНОГУ ПОДАТОЦИ ЗА КРАТОВО И ОКОЛИНАТА

0
363

Зборник за Кратово – книга прва е првиот зборник за Кратово од ваков вид кој се објавува во Република Македонија. Книгата содржи ретки информации и податоци за Кратово и околината, извадоци од книги и научни трудови, фотографии и исечоци од весници, голем број од кои пренесени фототипно во оригинален вид. Извадоците од книгите и весниците на бугарски и српски јазик се од стари библиотеки и архиви, народните поговорки и изреки и кратовските пророштва на кратовски дијалект, а неколкуте преводи на современ македонски литературен јазик.

По објавувањето на „Имагинариум“, „Зборник за Овче Поле – книга прва“ и „Зборник за Овче Поле – книга втора“ како печатени изданија, и неколкуте други наслови во дигитална форма, авторот и уредник на „Зборник за Кратово – книга прва“, м-р Никола Ристевски со оваа книга го претставува и прикажува и мистичниот Кратовски регион. Повеќе информации за книгите и неговата научна работа се достапни на страницата www.nikolaristevski.com

Зборник за Кратово – книга прва на фан страницата на fb – https://www.facebook.com/zbornikzakratovo/ веќе ги добива првите нарачки, а сите кои ќе си ја порачаат книгата пред датата на објавување во средината на јули, ќе ја добијат по намалена цена и со бесплатна достава. Според информациите на страницата, веќе се подготвуваат и следните зборници кои содржат податоци и информации на уште неколку јазици.

По успешното претставување на Овчеполскиот геоглиф на History Channel, годинава заедно со Овче Поле и Кратово ќе биде прикажано на уште неколку светски телевизиски канали.

Коментирај