Заврши снимањето на краткиот игран филм „Види ја ти неа“

0
389

Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во продукција на „Црна мачка продукција“ и режијана Горан Столевски се снимаше во периодот од 30 март 2017 година до 2 април на повеќе локаци во Скопје и околината…

Соочена со проблеми дома и на училиште, Анета планира да ги реши сите скокајќи по крстот за Водици.

Улогите ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Покрај режијата Горан Столевскиќе се потпише и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска.

Продуценти на филмот се Димитар Минов и Кристијан Буровски. Горан Столевски е млад режисер кој има снимено неколку успешни кратометражни филмови кои се прикажани на фестивали ширум светот. Неговиот последен проект е краткометражниот филм ,,Tи заслужуваш се“ кој беше прикажан на минатогодинешниот 64-от Меѓународен филмски фестивал во Мелбурн, Австралија.

Филмот е во продукција на „Црна мачка продукција“ во копродукција со „Скопје Филм Студио“, а финансиски поддржан од “Агенцијата за филм на РМ“.

 

Извор: cooltura.mk

Коментирај