Затворскиот психијатар за Бошкоски: Љубе имаше посттрауматско психичко растројство

0
304

Со сведочење на затворскиот психијатар, Марко Треневски, продолжи судењето за тортурата врз ексминистерот, Љубе Бошкоски, во предметот на СЈО, со кодно име „Тортура“.

Треневски сведочеше дека со Бошкоски првпат се сретнал во затворот „Скопје”, два дена по апсењето, пренесува А1он

-Добив податок дека бил уапсен во некоја кафеана и дека таа случка ја доживеал стресно, вознемирено,рече Треневски. Тој сведочеше дека покажувал фацијална експресија на страв, разочараност, и депресивен поглед.

Психијатарот констатирал дека кај Бошкоски има депресивно анксиозно психичко нарушување од егзистенцијален карактер. Треневски рече дека констатирал посттрауматско психичко растројство, дури и суицидални идеи кај Бошкоски и по разговорот му пропишал терапија.

Сведокот кажа дека Бошкоски не сакал да се навраќа на настанот за да не се сеќава на тоа што се случило.

Во предметот обвинети се шести полициски “алфи” и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков за нехуманото и понижувачко апсење на лидерот на “Обединети за Македонија”, Љубе Бошкоски.

Извор:lider.mk

Коментирај