Затвореник од Идризово тврди дека Игор Мирчески се самоубил поради Законот за амнестија

0
831

-Вие како министер и како Влада му го земавте животот на еден млад човек со доживотен затвор, ИГОР МИРЧЕСКИ. Поради амнестијата се самоуби, пишува во своето писмо адресирано до Владата и министерот за правда Билент Салији, Бурханедин Нухију од тетовското село Порој, кој  e еден од Албанците осуден на доживотен затвор по конфликтот од 2001 година.

Во продолжение го пренесуваме писмото во целост:

Со оваа порака најпрво сакам да им се обратам на другарите кои се малку кои добија ослободување или или намалување на казната, им ја честитам слободата и намалувањето н казната, ЧЕСТИТКИ. Но имам и една порака за оние кои ја подготвија оваа амнестија и сакам директно да го прашам Министерот за правда, Билент Салији.

Јас Бурханедин Нухију, осуден на даживотен затвор со судски процес од режимот на претходната влада, а воедно и брат на паднат борец, Ве прашувам зошто јас и другарите кои сме осудени на доживотен затвор не сме вклучени во оваа амнестија. Ако сме осудени од суд за кои целата претходна влада просведочи дека немало судови и дека не функционирал врз основа на правдата, но вие со кое право продолжувате по тој пат и давате селективна АМНЕСТИЈА.

И не терате да ја изгубиме надежта за живот како затвореници, а исто така и на нашите семејства, зошто ни го трошите трпението, зошто и трпението има крај. Вие како министер и како Влада му го земавте животот на еден млад човек со доживотен затвор, ИГОР МИРЧЕСКИ. Поради амнестијата се самоуби, можеби сакате и ние другите да го изгубиме трпението и да се случи тоа што до сега се нема случено. Внимавајте затоа што може да се случи тоа што неочекувате, затоа што трпението ни е дојдено до нос, напиша Бурханедин Нухију.

Кој беше Игор Мирчески, првпат се обиде да се самоубие пред 9 години- семејството обвинуваше за обид за убиство

Пред една недела, Игор Мирчески од Кичево беше пронајден повреден во неговата келија во затворот Идризово и итно, со амбулантно возило и придружба на лекар беше пренесен на скопските клиники.

Лекарите се обидоа да го спасат 38-годишниот Игор Мирчески, кој беше осуден на доживотен затвор за извршени две убиства во Кичево.

-И овој пат, како и во 2009 година првичната информација е дека се обидел да се самоубие, објави порталот Сведок.мк.

Во полицискиот билтен кој МВР го објави на 24-ти јануари стоеше дека командир на смена во Казнено поправна установа Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил.

Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.

Мирчески се обиде да се самоубие во 2009-та, семејството обвинуваше за обид за убиство

По првиот обид во 2009 година, неговото семејство тврдеше дека тоа било обид за убиство, дури и се сомневаа кој може да биде тој што се обидел да го убие, но случајот никогаш не доби завршница, пишува порталот Сведок.мк.

-Игор Мирчевски и Анте Ристески пред 12 години беа осудени на доживотен затвор за убиствата на Митра Силјаноска и Радослав Божиноски од Кичево и Малкоец.

Ристески и Мирчески беа обвинети за кражба, силување, две убиства и разбојништво. Според обвинението, во ноември 2005 година Ристески и Мирчески ја убиле кичевчанката Митра Силјаноска, која била силувана, и се задушила со врзана со жица околу вратот.

Жртвата беше пронајдена во близина на новата спортска сала во Кичево. Двајцата беа обвинети и дека во јануари 2006 го мачеле, го силувале и го убиле Радослав Божиноски од кичевското село Малкоец. Во текот на судењето, Ристески и Мирчески го признаа убиството на Божиноски, но не и на Митра Силјаноска.

Новинарот Владо Танески го извршил убиството над Митра

Подоцна, полицијата преку форензички анализи соопшти дека убиството над Митра Силјаноска го извршил новинарот Владо Танески, кој се самоуби под чудни околности во затворот во Тетово, а случајот веднаш беше затворен без да се спроведе истрага.

Врз основа на таквите полициски информации, Ристески и Мирчевски бараа повторување на судењето, но судот во Гостивар ги одби бидејќи не понудиле нов доказ што би одел во нивна корист.

Мајката на Игор, Мирка Мирческа не веруваше дека нејзиниот син се обидел да се самоубие

Случајот со убиството во Малкоец го раскажале во детали

-Нивните барања се одбиени и од повисокиот суд, иако во овој случај, самата држава дошла до докази кои укажуваат на тоа дека тие не го сториле едното убиство за кое се осудени. Но, повеќе од јасно е дека не успее да добијат можност да докажат дека не се виновни, дека се неправедно осудени за второто убиство и се во затвор. Случајот со убиството во Малкоец го раскажаа во детали, пишува Сведок.мк

Затворениците кои издржуваат казна доживотен затвор и чиј број е над триесетина, сместени се во посебен оддел во затворот Идризово.

Коментирај